Министерот Сали оствари средба со американската амбасадорка, се разговараше и за дигитализацијата на здравството

Министерот за здравство, Беким Сали денеска на средба ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, нејзината екселенција, Кејт Брнз.
Министерот Сали и се заблагодари на амбасадорката за поддршката што САД континуирано и ја даваат на нашата земја во здравствениот сектор.
На средбата се разговараше и за дигитализацијата на здравството, за што се
заинтересирани и нашите американски пријатели.
Пандемијата, исто така, беше тема на оваа средба, при што министерот Сали информираше дека Министерството за здравство успешно се соочува со овој предизвик и дека капацитетите и ресурсите со кои располагаме се доволни за пружање на неопходната здравствена услуга за сите пациенти со вирусот Ковид-19.
Исто така, беше разговарано за воспоставување национална програма за финансиска и институционална стабилност на здравствениот сектор, за што амбасадорката изрази интерес, притоа потенцирајќи ја потребата од продолжување на досегашната соработка со сојузната држава Вермонт во САД.
Министерот Сали се заблагодари за посетата, изразувајќи подготвеност за натамошно продлабочување на соработката со САД во областа на здравството.

ТОП ВЕСТИ

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...

Шетала гола на улица со денови: Популарна актерка сместена на психијатрија (ФОТО)

Тинејџерската филмска ѕвезда Аманда Бајнс со денови бесцелно талкала низ улиците на Лос Анџелес, а потоа почнала да се шета целосно гола, по...

Битиќи со порака до компаниите: Не стравувам од вештачко враќање на цените, граѓаните нема да ја плаќаат цената

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, потенцира дека не стравува од вештачко враќање на цените на производите што сега се со замрзнати вредности. „Првите позитивни...