Мисија на МААЕ во Јапонија заради надзор на испуштањето на вода од Фукушима во морето

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска во Јапонија почна да го следи контроверзниот проект за испуштање на прочистена вода од нуклеарната централа Фукушима во океанот, започнат откако земјотрес и цунами во 2011 година ја погодија земјата. Повеќе од милион тони вода од дождовница, подземна вода и вода за ладење за уредите на реакторот се акумулирани во резервоарите околу електраната, додека просторот за складирање е речиси полн. Голем систем за пумпање и филтрирање го отстранува најголемиот дел од радиоактивниот материјал од оваа вода. Јапонските власти соопштија дека плановите за разредување и испуштање на водата не претставуваат опасност.
МААЕ го поддржа решението, за кое вели дека е слично на отстранувањето на отпадните води од нуклеарните централи на други места во светот. Проектот, кој Токио го усвои минатиот април и треба да започне во март 2023 година, наиде на остри критики од соседните земји, вклучително и Кина и Јужна Кореја, загрижени за можните еколошки и здравствени последици. Тепко, операторот на оштетената нуклеарна централа и јапонската влада се надеваат дека надзорот од МААЕ ќе ја зголеми довербата. Тимот на МААЕ, чија мисија трае пет дена, ќе ја посети локацијата и ќе одржи прес-конференција в петок.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...