PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Мојсиу, Топи, Мејдани, Мајко и Пацоли во Хаг за поддршка на Тачи

Sep 29, 2022

Поранешниот претседател на Косово и еден од најбогатите Албанци, Беџет Пацоли, го иницираше заедничкото патување со неговите албански колеги во Хаг за да го посети поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и другите лидери на ОВК, јави abcnews.al.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Заедно со Пацоли, во неговиот приватен авион, заминале и поранешните претседатели на Албанија Реџеп Мејдани, Алфред Мојсиу и Бамир Топи, како и поранешниот премиер Пандели Мајко.

 

-Историјата не може повторно да се пишува. ОВК е нашата национална гордост”, напиша советникот на Пацоли, Џетлир Зиберај покрај фотографијата што ја сподели од Хаг.

Поранешните претседатели на Косово, Фатмир Сејдиу и Атифете Јахјага, ја одбиле поканата на Пацоли.

 

Тачи и другите високи раководители на ОВК, кои се сомничат за воени злосторства неодамна ги посети и албанскиот премиер Еди Рама.

Парламентот во Тирана на 21 јули усвои Резолуција против извештајот на Дик Марти во која за неосновани се сметаат тврдењата за нелегална трговија со органи во Косово и Албанија, за време на косовската војна.

 

Во неа стои дека тврдењата наведени во извештајот на Дик Марти и по “10 години истрага не се докажани и не се засноваат на факти”.

Резолуцијата, на 12 минатиот месец, беше доставена до Советот на Европа од кого се бара да се преразгледа извештајот на Марти и да се подготви нов каде ќе биде наведена ” вистината за невиноста на раководството на ОВК”.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ