Морисон призна пораз, Ентони Албанес ќе биде новиот премиер на Австралија


Фото: Инстаграм профил на Ентони Албанес

Австралискиот премиер Скот Морисон го призна поразот на националните избори, велејќи дека тоа била „тешка ноќ“ за неговата конзервативна влада, пренесува ДПА.

– Вечерва разговарав со лидерот на опозицијата и идниот премиер Ентони Албанес и му честитав на изборната победа- рече Морисон.

Лабуристите ќе можат да формираат малцинска влада, но може да добијат и доволно гласови за мнозинска влада, според телевизијата Еј-Би-Си.

Според прелиминарните бројки, партијата може да смета на најмалку 71 место во Сенатот, каде што се неопходни 76 места за да се дојде до мнозинство. Според податоците, конзервативната коалиција на Морисон освои само 49 места.

Повеќе од 17 милиони луѓе беа повикани да гласаат за тоа кој ќе пополни 151 место во Долниот дом и половина од 78-те места во Сенатот.

Повеќе од половина од гласачите со право на глас гласале однапред, оставајќи околу осум милиони луѓе да гласаат во сабота, објави националната телевизија Еј-Би-Си, повикувајќи се на австралиската изборна комисија.

Гласањето е задолжително во Австралија. Излезноста во 2019 година беше околу 92 отсто. Изборите се одржуваат на секои три години.

На последните избори во 2019 година, либералите, кои се во коалиција со уште поконзервативните националисти и се на власт речиси една деценија, имаа изненадувачка победа откако долго се очекуваше лабуристите да дојдат на врвот, посочува ДПА.

Клучни теми во изборната кампања беа економијата, климатските промени и националната безбедност.

Многу Австралијци ја гледаат климатската криза како огромен проблем, особено по неодамнешните екстремни поплави на источниот брег. Земјата, исто така, претрпе и други екстремни временски настани и катастрофи поврзани со климата, вклучувајќи сериозни пожари, суша и избелување на коралите во последниве години.

Морисон е цврст поддржувач на индустријата за јаглен.

За пандемијата речиси и не се разговараше за време на изборната кампања – иако земјата забележа повеќе од 50.000 нови инфекции во петокот.

ТОП ВЕСТИ

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...

„ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“: Ќе наврнат над 40 литри воден талог, Попоски ги предупредува граѓаните, еве каде е најкритично!

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека поројно врнежи од дожд доаѓаат во земјава. Тој истакна дека во текот на денешниот ден на многу места во Македонија...

ВИДЕО: Маж загина набоден од бик на традиционалниот фестивал во Валенсија

Еден човек им подлегнал на повредите откако бил набоден од бик за време на фестивал во источна Шпанија, соопштија денеска властите. Жртвата, која не е именувана,...