Москва и Белград мора да одговорат остро на затворањето на воздушниот простор, вели руски пратеник


Фото: Фејсбук/Константин Косачев

Москва и Белград мора да одговорат исклучително остро на затворањето на воздушниот простор, од страна на соседите на Србија, за авионот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, смета потпретседателот на Горниот дом на рускиот Парламент, Константин Косачев. Според него, одлуката е удар врз Русија и на Србија, како држави.

– Реакцијата, се надевам, ќе биде заедничка и крајно остра, во форма на, не само дипломатски протести, туку и конкретни, практични одговори. Тоа беше непочитување – напиша тој на Телеграм.

Како што истакна Косачев, одлуката на Бугарија, Црна Гора и на Македонија, не била самостојна.

– Со влезот во НАТО, сите три земји го изгубија суверенитетот – тврди Косачев.

Тој додаде и оти „НАТО со директна интервенција во билатералните работи на Русија и Србија се обидува да го заземе и потчине остатокот од Европа“.

Следната фаза ќе биде „ширење на сојузот на целиот свет, каде по Русија, Кина ќе стане стратешка цел број два“, нагласи Косачев.

Неговата реакција е една од низата, откако следуваше забраната за прелет на авионот со Лавров кон Србија, каде тој денеска требаше да пристигне во дводневна посета.

ТОП ВЕСТИ

Samsung SmartThings ги поврзува луѓето со најважните работи < Опсервер

Скопје, С. Македонија – 31 август 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd денеска ги прикажа своите најнови иновации за поврзан дом. За...

Apple ќе го претстави новиот iPhone на 12 септември < Опсервер

На 12 септември Apple ќе претстави нови производи, вклучувајќи ја новата телефонска линија iPhone 15 и паметните часовници од следната генерација. <!-- <!-- <!-- ...

Специјална соработка за паметниот проектор „The Freestyle“ < Опсервер

Samsung Electronics во соработка со светски познатата корејска група BTS најавија премиера на краток филм во кој SUGA (член на групата), како амбасадор...