PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

МТСП: Во тек е исплатата на пензиите за месец јули

Jul 31, 2023

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 31.07.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јули.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во две групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата  се врши на 31.07.2023 година (понеделник);

За пензии над  14.001 денари исплатата се врши на 01.08.2023 година (вторник).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 31 јули (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ