Вчеравечер, Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски заедно со претседателот на советот на општината Дејан Митески, претставници од советот на родители во основните училишта и командирот на ПС Аеродром Тони Петровски извршија ноќна патрола на неколку локации во општината.
„Во рамките на оваа патрола посетивме неколку паркови, училишта, градинки, игралишта и други места каде вообичаено се собираат граѓаните во ноќните часови, со цел да се лоцираат и превенираат евентуални нарушувања на јавниот ред и мир.
Со лицата кои беа затекнати на разни локации во пријатен и пријателски разговор зборувавме за законските правила и прописи кои се однесуваат на зачувувањето на јавните површини и јавниот ред и мир, како и потребата од наш заеднички активен ангажман за одржување на чистотата и мирот во општината. Ја истакнавме нашата заложба за чување и одржување на урбаната опрема и јавниот простор, како и за засилениот ангажман на МВР за подобрување на безбедноста на граѓаните.
Аеродром е познат по единството, по маалската дружба во парковите и токму затоа како општина ќе работиме сето тоа да одржиме и насочиме во корист на промовирање на свеста за чување на она што е заедничко и во кое ќе уживаме и ние, но и идните генерации.“ напиша Муцунски на својот фејсбук профил.