Мурати: Ги повикуваме сите невработени лица да аплицираат за програмите и мерките од нивен интерес

Според директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, со мерките и програмите се унапредува состојбата на пазарот на трудот.

„Првите јавни огласи за програмата „Самовработување“, „Вработување и раст на правни субјекти“ и „Практикантство“ ќе бидат објавени на петти април, а останатите ќе се објавуваат етапно по однапред дефиниран распоред и план. Ги повикуваме сите невработени лица и работодавачи преку нашите триесет Центри за вработување, да аплицираат за програмите и мерките од нивен интерес“, рече директорот на АВРСМ Мурати.

Програмата за развој на Обединетите нации повеќе од 12 години е партнер на Агенција за вработување и Министерството за труд и социјална политика во реализацијата на мерките и програмите за вработување и зголемување на вработливоста на ранливите категории.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...