PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

МВР демантира дека имало киднапер околу средното музичко училиште во Скопје

Mar 22, 2023

МВР најостро ги демантира лажните вести кои денеска се проширија по социјалните мрежи во врска со наводен киднапер, кој наводно се движел околу средното музичко училиште во Скопје.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Од полицијата велат дека ниту има пријава за такво лице до полицијата, ниту има пријава дека некое лице е киднапирано.

-Лицето кое ја пласираше оваа лажна вест, ја повлече и јавно објави дека станува збор за лажна вест. Пласирањето на ваквите лаги е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, а за жал зачестено се пласираат последниов период. Лицето кое ја пласираше оваа лага ќе биде повикано во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок против него, порачаа од МВР.

Полицијата апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви лаги.

-Исто така, им благодариме на медиумите кои не подлегнуваат на ваквите лажни вести и информациите ги проверуваат во надлежните институции, стои во демантот на МВР.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ