PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

МВР потврди – приведено е лицето за кое Мицкоски вели дека сакал да го убие

Jul 6, 2022

Лицето кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го посочува дека се обидело да го убие е приведено во полициска станица, изјавија од МВР за МИА.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Од МВР велат дека засега немаат дополнителни информации за случајот.

Мицкоски на Фејсбук вечерва објави фотографија на која се гледаат неколку лица, посочувајќи дека едниот од нив требало да го убие.

– Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР, наведе Мицкоски во објавата.

Мицкоски вечерва учествува на протесниот марш што со одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, кој започна пред Владата, од каде демонстрантите се упатија кон Министерството за надворешни работи, а потоа продолжија пред Собранието.

На раскрсницата пред плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија дојде до екцес меѓу демонстрантите и група луѓе, а очевидци тврдат и дека се слушнале и истрели, но полицијата интервенираше и ги раздели групи, спречувајќи евентуален поголем инцидент.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ