МЗШВ: Ребалансот на Буџетот се исплаќаат субвенции кон 45 илјади земјоделци

Со Ребалансот, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ) обезбеди 2,7 милијарди денари, средства наменети за директна поддршка на земјоделците, односно за исплаќање на редовните, но и целосно расчистување на заостанатите субвенции кон земјоделците. Повеќе од 45.000 земјоделци во текот на тековната 2022 година ги добиваат своите субвенции.

„Главниот акцент е ставен на земјоделството и поддршката на секој еден земјоделец во услови на криза, преку конкретни мерки. Директно сме насочени кон обезбедување на стабилно и зголемено домашно производство на храна, на обезбедување повеќе пари кон земјоделците и поддршка која навремено, па дури и авансно ќе ја добиваат“, истакнуваат од Министерството.

Откако се тргна штетната блокада во Собранието и пратениците заеднички ги донесоа измените на Законот за земјоделство и рурален развој, за прв пат се воведува и можноста за авансна исплата на поддршката за земјоделците од програмата за директни плаќања. Секој земјоделец ќе може 30% од сумата да ја добие авансно, во рок од 90 дена по аплицирањето.

Со ребалансот ќе бидат исплатени околу 10.200 одгледувачи на говеда во износ од околу 340 милиони денари, а се исплаќаат и околу 420 милиони денари за предадено млеко во преработувачки капацитети, како мотивирачка мерка за зголемено производство на млеко. МЗШВ ги расчистува и сите заостанати долгови кон одгледувачите на говеда.

„Нема веќе доцнење со исплатата на субвенциите за произведено млеко, а за првпат субвенциите ќе бидат исплатени и во предвидените рокови од Програмата. Дополнително, преку Интервентниот фонд, ќе се исплати и една фаза од оваа година. Ако, на пример, во 2017 година министерството должеше само кон млекопроизводителите цели 9 фази субвенции, со предложениот ребаланс на Буџетот за 2022 година не само што се исплаќаат тековните субвенции, туку целосно се решаваат и заостанатите долгови кон сточарите“, посочуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...