На Борис Џонсон му е забранет влез во Русија


фото: Фејсбук

Руските власти денеска соопштија на британскиот премиер Борис Џонсон и на неколку британски високи функционери им е забранет влез во Русија како одговор на британските санкции воведени кон Москва поради војната во Украина.

– Овој чекор беше преземен како одговор на претераната медиумска и политичка кампања насочена кон меѓународна изолација на Русија и создавање услови за кочење на нашата земја и задушување на националната економија, соопшти руското Министерство за надворешни работи – пренесе Бета.

Министерството ги осуди британските „непријателски дејствија без преседан“, особено санкциите против високи руски функционери.

– Британската Влада намерно се обидува да ја влоши ситуацијата околу Украина со снабдување на режимот во Киев со смртоносно оружје и координирање на слични напори во име на НАТО – се додава во соопштението.

Покрај Џонсон, на руската „црна листа“ се и вицепремиерот Доминик Раб, министерката за надворешни работи Лиз Трус, министерот за одбрана Бен Валас, поранешната премиерка Тереза Меј и првата министерка на Шкотска (премиерка) Никола Старџен.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...