PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

На дожд започна протестот пред Влада, демонстрантите фрлија петарди кон полицијата

Jul 5, 2022

Народниот протест против францускиот предлог за Македонија денеска започна во 19 часот пред Владата, а ќе продолжи преку Министерството за надворешни работи до Собрание на Република Македонија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Имено, собраните граѓани им дофрлуваа на полицајците кои се пред Владата во кордон околу тоа кого штитат и зошто не им се придружуваат на другата страна, а потоа фрлија и неколку петарди кон нив, објави ТВ 21.

Инаку, граѓаните бараат да не се потпише овој предлог затоа што според нив е штетен за националните интереси, а се бараат и предвремени парламентарни избори.

Претходно поголем број на полициски возила и автобуси полни со полициски службеници беа забележани во близина на хотелот Александар Палас.  Со упалени ротациони светла тие се упатија кон Владата.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ