PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Најмалку деветмина загинати во низа терористички напади во Могадишу

Feb 16, 2022

Најмалку девет лица загинаа, од кои две деца во синоќешните координирани напади, во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопшти полицијата. Терористите нападнале повеќе контролни пунктови во Могадишу, при што употребиле и автомобил-бомба. При нападот оштетени се и повеќе објекти и домови.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Одговорност, за еден од најкрвавите напади во изминатите години, ја презеде исламистичката терористичка група Ал-Шабаб, која тврди дека и запленила воена опрема.

Сомалија е цел на напади на Ал-Шабаб, која контролира поголемите делови од јужните и централните региони на Сомалија.

Последниот напад е невообичаен, бидејќи Ал-Шабаб вообичаено извршува напади во Могадишу со бомбаши-самоубијци.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ