PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

На плажа на Халкидики пронајдено машко тело

Jul 27, 2022

Телото на постар маж, чиј идентитет не е познат, синоќа грчката крајбрежната стража со помош на пожарникари го извлекле од тешкиот дел на плажата на населбата Бати, во општина Неа Пропонтида на Халкидики.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Како што објавуваат грчките медиуми, станува збор за витко тело на маж на возраст од приближно 75 години, висок 1,75 м. Екипа на Брза помош го пренела телото во Здравствениот дом Неа Муданија, а потоа во Општата болница Полигирос, каде што била констатирана смрт.

Обдукција врз телото е наредена од страна на пристанишната служба на Муданија, која ја спроведува прелиминарната истрага.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ