Во Скопје Италија ја имаше улогата на фаворит, а во Малта нашата репрезентација е таа на која и се даваат поголеми шанси за победа.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Против Италија одигравиме одлично и освоивме бод против Европскиот шампион, но вечерва играме сосема поинаков меч. Притисокот е на наша страна, топката треба да биде во нашите нозе и да размислуваме на голот на противникот.

Против Малта имаме добар баланс, ова ќе биде наша осма пресметка со нив. Досега имаме шест победи и еднаш сме одиграле нерешено.

Ремито од 1-1 беше на пријателски меч во Малта. На останатите шест меча имаме исто толку победи со гол разлика од 17 дадени и само три примени погодоци.

Пред нецели шест месеци, Македонија победи со шестминутен блиц и со два гола кои беа дело на Елиф Елмас и Дарко Чурлинов (сега не е во конкуренција за настап).

Во претходните пет меча, Малтежаните еднаш ги победивме со 5-0 (2002 во пријателска), еднаш со 4-0 (1998 во квалификации), двапати со само гол разлика, 1-0 (1996, пријателска) и 2-1 (1998 квалификации) и уште еднаш со 2-0 (1996 во пријателски меч).

Милевски за вечерашниот меч нама да може да смета на Столе Димитриевски кој поради повреда ќе го пропушти дуелот. Нема да игра ниту Адеми поради повреда на листот на ногата.

Со три бода од дуелот со Малта ќе ги одржиме шансите за второто место, иако реално тешко може да се надеваме на нешто такво со оглед на тешкиот распоред до крајот. Ќе ни останат гостувањата кај Украина и Италија и домашниот меч со Англија.

Натпреварот меѓу Малта и Македонија се игра вечерва со почеток од 20:45 часот.