На регионот му е потребно засилено присуство на ЕУ и НАТО, рече Османи во Босна

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, е во прва работна посета на Сараево, каде што оствари средба со заменик-претседателот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ.

На средбата, меѓу другото, беше изразено задоволство за високиот степен на пријателски односи меѓу двете држави, досегашната билатерална соработка, како и заложбата за нејзино натамо надградување со нови содржини и динамика во согласност со блискоста на двете земји и граѓани.

На средбата Османи особено се осврна на евро-атлантската перспектива на регионот на Западен Балкан пренесувајќи ја безрезервната поддршка за амбициите на Босна и Херцеговина на тој пат.

„Се надевам дека многу бргу Босна и Херцеговина ќе добие кандидатски статус за членство во Европската Унија за што нашата држава е подготвена да го сподели своето знаење и искуство. Тие е секако важно за граѓаните на земјата, но воедно претставува и интерес за сите земји од регионот“, нагласи Османи.

Османи посочи дека процесот на европска интеграција претставува силен поттик за спроведување на потребните реформи и е најдобриот начин земјите од регионот да ги достигнат европските цивилизациски придобивки.

Во современото безбедносно и геополитичко окружување од клучно значење за стабилноста на регионот е да се обезбеди засилено и кредибилно присуство на Европската Унија и НАТО, што ќе претставува значајна инвестиција во идната безбедносна архитектура на континентот.

Во однос на билатералната соработка беа разменети мислења, предлози и сугестии за конкретни проекти, со посебен акцент на интересот и потребата од засилување на трговската размена, каде што значаен импулс може да даде организирањето бизнис-форуми меѓу економските партнери од двете држави, како и присутноста на деловните субјекти во едната и другата држава. Еден од предизвиците на економската соработка може да биде и заедничкото учеството на компаниите на двете земји на трети пазари.

За време на престојот во Сараево, Османи беше примен и од претседaвачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...