PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

На „Табановце“ се чека час ипол, на „Богородица“ 20 минути

Aug 22, 2022

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце чекањето е околу час и половина за излез и влез и на ГП Богородица чекањето е околу 20 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ