PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Надал преживеа тричасовна битка со Гофан, Жабер влезе во историјата во Мадрид

May 5, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Рафаел Надал, по тешкиот прв меч на мастерс 1000-турнирот во Мадрид, не успеа да го најде ритамот ниту во дуелот со Белгиецот Давид Гофан на „Каха Магика“ по пропуштањето лесна победа во два сета за на крајот за нешто повеќе од три часа со 6:3/5:7/7:6(9) победа да се пласира во четврт-финалето, а туниската тенисерка Онс Жабер влезе во историјата како прва Африканка со пласман во финале на ВТА 1000-турнир.

По тешкиот прв меч против Миомир Кецмановиќ, и овој пат освојувачот на рекордни 21 гренд слем титули остана без сила во финишот на вториот сет пропуштајќи брејк за победа за потоа, дури во тај-брејкот во третиот сет да го совлада упорниот Белгиец, кој пропушти меч-топка при 7:6 водство во тај-брејкот за на крајот да загуби со 11:9.

Следен противник за Надал може да биде човекот што многумина го сметаат за негов наследник, деветтиот носител Карлос Алкараз, кој првин треба да го победи Британецот Камерон Нори.

27-годишната Жабер, која е светска тенисерка број 10, со 6:2/6:3 ја совлада Русинката Екатерина Александрова за само втора победа против ривалката во осум меѓусебни дуели за пласман во финалето, каде што ќе игра со подобрата од мечот помеѓу 12. носителка, Американката Џесика Пегјула, и Швајцарката Џил Тајхман.

„Ми беше мака што само губев од неа, така што морав да се одмаздам. Среќна сум од мојата форма и сега сум подотвена за финале“, вели Жабер, која ја победи шампионката од „Ролан Гарос“, Симона Халеп, во четврт-финалето.

 

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ