Надал се намачи против Кецмановиќ во првиот меч на земја оваа сезона


Рафаел Надал имаше тежок тест при својот прв меч по шест  недели, победувајќи го Србинот Миомир Кецмановиќ со 6:1/7:6(4) по час и 55 минути на терените на Мадрид опен, во својот прв меч на земјена подлога оваа сезона.

Шпанскиот ветеран беше приморан да паузира подолго време поради повредата на ребрата која ја доби на Мастерсот во Индијан Велс. Иако самиот призна дека не е доволно подготвен во „Каха Магика“ во Мадрид, тој одигра фантастичен прв сет, добивајќи го за 36 минути, со 55 отсто добиени поени на свој сервис.

Петкратниот шампион од турнирот, потоа мораше да оди на подолга пауза за тоалет по крајот на сетот, а имаше и мала пауза поради дожд, по што 22-годишниот Кецмановиќ, по совет на својот тренер, поранешниот тениски асДавид Налбандијан, почна да игра на бекхенд на Надал и тоа се исплатеше и поведе со 4:3. Сепак, Надал направи брејк за 6:5 водство, пред Кецмановиќ да ги искористи неговите грешки и да примора тај-брејк, во кој Надал успеа да стигне до 7:4 победа.

Следен за Надал е подобриот од мечот Давид Гофан-Ботик ван де Цандшлуп, а во неговата четвртина од ждрепката е Карлос Алкараз. Исто така, е можно полуфинале против Новак Ѓоковиќ, кој се наоѓа во истата половина од ждрепката.

ТОП ВЕСТИ

Трамп во вторник е на суд во Мајами, објави дека по втор пат е обвинет годинава

Доналд Трамп синоќа објави дека е обвинет по втор пат оваа година – овој пат по федерални обвиненија во случај што се фокусира на...

Продолжува испумпувањето на водата по вчерашното невреме во Делчево

И утрово продолжи испумпувањето на вода од подрумите на луѓето, по поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати Делечево. Доцна синоќа помош на...

Груби оствари средба со заменик американскиот амбасадор, Мејер

Скопје, 8 јуни – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби оствари средба со заменик американскиот...

Русите се радуваат дека уништиле тенк Леопард 2, но погодиле напуштен комбајн

Во очај да покаже какви – такви резултати од бојното поле, соочено со постојани загуби и сé поострите критики од домашните милблогери, а...

Џафери се сретна со специјалниот пратеник Амербајев од Азербејџан

На средбата со специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, Ечин Амербајев, претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, од име на Собранието и од...