Надреална фотографија на папата ги загрижи експертите: „Ова е закана за демократијата“

Mar 28, 2023

Тие што пребарувале на интернет изминатава недела, најверојатно, виделе фотографија на папата Франциско во бел вселенски костум.

Фотографијата креирана од вештачката интелигенција (АИ) набргу стана вирална, а многумина не можеа да препознаат дали се работи за вистинска фотографија или за дипфејк.

Ова ги загрижи експертите што стравуваат дека вештачката интелигенција може да создаде нешто многу полошо од безопасни интернет-шеги.

Во интервју за Си-ен-ен, експертот за технологија, Шинејд Бовел, објаснува зошто ваква фотографија претставува закана.

„Мислам дека стана вирална не само затоа што на некои луѓе им беше смешно, туку затоа што повеќето луѓе не можеа да кажат дали е лажна. Со години знаеме дека фото генерирано од вештачка интелигенција претставува закана за демократијата и општествата во светот каде што не може да се разликува вистинското од лажното“.

„Тој свет е тука, свет во кој фотографиите и видеата можеби повеќе не се синоним за вистината“, вели тој.

„Има многу социјални импликации и оваа технологија стана достапна за секого со паметен телефон. Оддалечени сме само неколку мигови од пливање во море информации и не можеме да разликуваме што е реално, а што не“, заклучува Бовел.

Тој додава дека не постои решение за да откриете дали нешто е креирано од вештачка интелигенција, односно дали е дипфејк или реално бидејќи тоа би било игра на мачка и глушец.

Новинарот Рајан Бродерик случајот со папата во вселенски костум го опиша како прв вистински случај на АИ-дезинформација од масовни размери и призна дека првично бил измамен од фотографијата.

„Кога не можете да им верувате на доказите на сопствените очи и уши благодарение на вештачката интелигенција, тешко е да знаете дали она што го гледате е реално или не“, вели Бродерик.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ