НАТО: Испративме 40.000 војници во Источна Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на лидерите на НАТО преку видеоврска.

Тој рече дека чувствува оти Украина е заглавена во еден вид сива зона меѓу Западот и Русија, бидејќи не е членка на НАТО, а ги брани, како што кажа, заедничките вредности.

Истакна дека побарал воздушна поддршка за одбрана на небото над Украина од почетокот на војната, бидејќи Украина нема моќни системи за противвоздушна одбрана.

Исто така обвини дека Русија користи оружје за масовно уништување и последиците може да ги видат сите.

„Ова е нерамноправна борба“, рече Зеленски, барајќи неограничена воена поддршка за да се спасат украинскиот народ и градови.

Тој посочи дека Русија го користи својот арсенал без ограничувања и намерно напаѓа градови, болници и мостови. Нагласи дека досега Украина не добила ниту еден воен авион. Вели и дека молел за тенкови: „Дајте ни ги, продадете ни ги“, но сепак не добил јасен одговор од членките на НАТО.

„Украина не сака да води војна со години. Ние едноставно сакаме да преживееме и да го спасиме нашиот народ“, рече Зеленски, додавајќи дека не го обвинува НАТО.

„Нашите градови не се уништени од ракети на НАТО“, додаде тој.

„Но, НАТО може да помогне да се избегнат нови смртни случаи со испраќање муниција и оружје во Украина“, нагласи украинскиот претседател, според кого се работи за прашање на живот и смрт.

Зеленски ја обвини Русија за употреба на забранети фосфорни бомби утринава: „Деца повторно умираат, луѓе умираат“, изјави тој.

Би-би-си наведува дека Зеленски не соопштил каде се случил нападот со фосфор, ниту, пак, дал конкретни докази за таков напад.

ТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Запалено градското собрание во градот Бордо на синоќешните протести во Франција

Според извештаите на француското МВР, на вчерашните протести ширум земјата излегле над еден милион луѓе, а поради немирите низ целата земја биле уапсени 80...

(Видео) Огромен пожар во Истанбул: Огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул. Причината за пожарот засега не е...

24 години од бомбардирањето на НАТО врз Југославија

На 24 март 1999 г. НАТО без одлука на Советот за Безбедност на ОН, започна терористички напад врз СР Југославија. Најмладата жртва на агресијата...

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...

Шетала гола на улица со денови: Популарна актерка сместена на психијатрија (ФОТО)

Тинејџерската филмска ѕвезда Аманда Бајнс со денови бесцелно талкала низ улиците на Лос Анџелес, а потоа почнала да се шета целосно гола, по...