НАТО: Путин треба веднаш да ја прекине војната

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го повика рускиот претседател Владимир Путин веднаш да ја прекине војната во Украина. Тој посочи дека „Русија ќе плати висока цена за агресијата врз Украина и дека веќе плаќа“. Тој, исто така, рече дека НАТО мора да ги поддржи Грузија и Босна и Херцеговина како „земји во ризик“.

„Ова е војна на Путин“

„Ова е војна на претседателот Путин. Тој е оној кој избрал, планирал и води војна против мирна земја. Го повикуваме да ја запре оваа војна, да ги повлече сите свои сили од Украина безусловно и да се впушти во искрени дипломатски напори. Веднаш“, рече Столтенберг.

Тој додаде дека министрите разговарале за одговорот на кризата и за долгорочните безбедносни импликации.

„Ги зајакнавме нашите сили на море, на копно и на воздух. Сојузниците испратија уште илјадници војници на источните граници и ние за првпат ги активираме силите за брза реакција на НАТО. Имаме повеќе од 130 авиони со висока подготвеност, како и 200 бродови од север до Медитеранот. Ќе се обидеме да ја заштитиме секоја педа од нашата територија“, рече Столтенберг.

„НАТО не сака војна со Русија“

Тој посочи дека НАТО работи на спречување на ширење на конфликтот надвор од Украина.

„НАТО не сака војна со Русија. Амбицијата на Кремљ е повторно да ја воспостави својата сфера на интереси и да го ускрати правото на другите земји да го изберат својот пат. Затоа, НАТО мора да ги поддржи Грузија и БиХ, земјите во ризик. Оваа војна воспостави нова нормала за нашата безбедност. Мора да избегнеме конфликт во годините што доаѓаат. Многу е во прашање. Дали ќе преовлада демократијата или авторитарниот режим, во каков свет сакаме да живееме“, рече генералниот секретар на НАТО.

Тој рече дека безбедносната структура е фундаментално променета, но дека се подготвени за разговори за да се избегне ескалација.

Ескалацијата на конфликтот, рече тој, ќе доведе до нови страдања и жртви. Столтенберг повтори дека НАТО нема да влезе на територијата на Украина.

„Го разбираме очајот, но веруваме дека ако го направиме ова, може да има сеопфатна војна во Европа и повисоко ниво на човечко страдање. Затоа донесовме болна одлука да воведеме строги санкции и да ја зајакнеме поддршката, а силите на НАТО не ги вклучуваме директно на копно или во воздух“, рече Столтенберг.

Столтенберг рече и дека денеска се сретнале со ЕУ, Финска и Шведска, при што е договорено од двете земји да бидат вклучени во сите консултации и размена на информации на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...