НБМ: 5 милијарди евра се заштедите на граѓаните во денари во домашните банки

Според податоците на Народната банка на Македонија, во јуни депозитите на домаќинствата во македонските банки изнесуваа 5,002 милијарди евра.

Во мај таа бројка беше помала за 51,4 милиони евра.

НБМ во повеќе наврати ја зголеми основната камата, во јули тоа зголемување изнесуваше 0,5 процентни поени, со што основната камата беше 2,5 отсто.

Освен тоа НБМ одлучи да ја намали и задолжителната резерва за денарските обврски од 6,5 отсто – на 5 проценти, а ја зголеми стапката на задолжителна резерва за обврските во странска валута од 16,5 отсто, на 18 проценти.

Ова предизвика македонските банки да ги зголемат каматните стапки за денарско штедење. За орочени денарски депозити каматните стапки кај некои банки веќе се 2 отсто.

Во јуни пораснаа и девизните депозити – 2,676 милијарди евра.

„Вкупните депозити на приватниот сектор во јуни се повисоки за 0,4 отсто во споредба со мај, а нивното ниво е за 1,8 отсто зголемено на годишна основа. Притоа, растот на депозитите на домаќинствата забрза и достигна 1 отсто на месечна основа, односно 5,2 проценти на годишна основа“, се вели во соопштението од централната банка.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...