Како што појаснуваат одговорните, со оваа станица ќе се мерат и снимаат податоци за температурата, влажноста, ПМ-2,5 и ПМ-10.
Здружението на граѓани „Ековита” од Неготино ја постави и ја пушти во употреба првата индикаторска станица за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух, а денеска неготинскиот градоначалник, Горан Стојанов најави набавка и на други вакви станици.
– Како што појаснуваат одговорните, со оваа станица ќе се мерат и снимаат податоци за температурата, влажноста, ПМ-2,5 и ПМ-10, а резултатите ќе се снимаат и прикажуваат и во секое време ќе им бидат достапни на граѓаните на апликацијата „Мој воздух”. Општина Неготино изразува благодарност до „Ековита” за поставувањето на првиот еко уред за мерење на амбиенталниот воздух и е подготвена со обезбедување финансиски средства, да учествува во набавката на уште неколку вакви уреди, преку кои граѓаните во секое време, ќе можат да бидат информирани за моменталниот квалитет на амбиенталниот воздух, рече Стојанов.
Новите мерни станици се планира да бидат поставени на различни локации во градот и населените места и ќе бидат вклучени во апликацијата „Мој воздух”.