PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Ненадејно почина еден од најбогатите Хрвати! Му се слошило на плажа

Aug 1, 2023

Ивица Пивац (71), хрватски бизнисмен, косопственик и претседател на одборот на директори на Групацијата Пивац ненадејно почина во понеделникот. Според Јутарњи лист, на Пивац околу 17 часот му се слошило додека бил на плаќа и веднаш бил префрлен во сплитската болница. Тој починал во вечерните часови.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

„На Ивица му се слошило на плажата каде што се обиделе да го реанимираат, но за жал починал на пат кон КБЦ во Сплит“ – соопштија од Здружението Завојане.

Традицијата да се занимаваат со месо во семејството Пивац започнала во 1952 година, кога таткото Миленко отворил месарница. Браќата Тончи, Ивица и Невен Пивац уште од мали нозе се занимавале со тој занает.

Работата на семејството Пивац почнала во раните осумдесетти години, кога нивната месарница во Вргорац ја откриле ресторани и хотелиери на Макарска, кои дошле во Вргорац да купат месо. Но, подемот најверојатно почнал уште порано, бидејќи во 1978 година го купиле првиот камион за транспорт на добиток.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ