[ad_1]
Манчестер Јунајтед вчера доживеа вистинска бламажа во натпреварот против Брентфорд.
„Црвените ѓаволи“ беа декласирани со 4:0 и тоа сите четири гола ги примија во првото полувреме, така им приредија ново големо разочарување на своите навивачи.
После натпреварот разбирливо стигнуваат многу критики за играта на „ѓаволите“, а еден од критичарите беше и клупската легенда Гери Невил.
„Овие играчи кај три различни менаџери покажаа дека не работат доволно, никој нема самодоверба и потребна им е помош. Бев тренер на тим кој се бореше за опстанок и знам дека е потребно нешто да ги подигне. Ова што го покажаа сега е ново дно. Изгледа дека овие играчи можат да одат и уште пониско“.
„Тен Хаг избра нешто понизок состав затоа што сметаше дека така ќе го надигра Брентфорд, но изгледаа како деца. Брентфорд ги демолираше, секоја чест на Томас Франк“.
За крај следуваше нај6руталната критика.
„Големо достигнување е да потрошите милијарда фунти и да бидете волку лоши“, иронично искоментира Невил.