Невреме во Гостивар: Поплавени домови и проблеми во сообраќајот

Според информациите од Центарот за управување со кризи на бројот за итни повици биле примени повеќе пријави за поплавување на улици и куќи. Најмногу пријави за штети се стигнати од јужниот дел на општината, од населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште.

Денешното невреме со пороен дожд и град во Гостивар, кое траеше околу 40 минути, предизвика краткотрајни проблеми во сообраќајот на одредени локации и поплавување на семејни домови.

„Како резултат на поројниот дожд кој го зафати подрачјето на општина Гостивар во село Беловиште, општина Гостивар, на главниот селски пат има излевање на водата која надоаѓа од планината и со неа носи кал и гранки. Вода се уште надоаѓа, а во понискиот дел од селото водата се задржува и оди во дворовите и куќите“, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите од Центарот за управување со кризи на бројот за итни повици биле примени повеќе пријави за поплавување на улици и куќи.

„На селскиот пат што води до ресторанот Дабов лад, има повеќе, но помали одрони на земја, а на патот има паднати дрва. Жителите работат на отстранување на наносите од земја и дрвја“, додаваат од ЦУК.

Најмногу пријави за штети се стигнати од јужниот дел на општината, од населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште.

„Поплавена е улица Бањешница, општина Гостивар и има излевање на водата по патот од каналот кој не е исчистен. Од ЈКП ‘Комуналец’ од Гостивар е пратен багер за да го исчисти каналот за да се повлече водата по течението на каналот. После санација на каналот багерот и екипи на претпријатието ќе продолжат во санација на штета во селото Беловиште“, информираат од ЦУК.

Од ЈКП „Комуналец“ од Гостивар со два багери и една пумпа за испумпување на вода и 12 пожарникари со две противпожарни возила во период од 15:40 до 16:35 часот, интервенирале во Градската болница-Гостивар, каде е решен проблемот со канализацијата и испумпана е водата.

За настанатата состојба од ЦУК велат дека се известени сите субјекти на локално ниво за да превземат мерки што се во нивна надлежност се со цел да се санираат последиците од поплавата.

Силен дожд со град попладнево околу 14 часот го зафати и Велес. Велешките главни и споредни улици во ниските делови од градот беа поплавени со вода поради високата конфигурација на градот и нерешената атмосферска канализација.

Движењето на сообраќајот по главните улици беше отежнато, а посебно на пешаците кои не можеа да ги преминат улиците од едната на другата страна.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...