Никулците на неофашизмот и на антисемитизмот никнуваат од старото стебло


Бугарија

Медиумите во Софија отворено го поставуваат прашањето „дали во Бугарија се повампируваат неофашизмот и антисемитизмот?“ Ваквото прашање стана особено актуелно по низа настани што ја вознемирија тамошната јавност, а последен повод беа заклучоците од истражувањето на агенцијата „Алфа рисрч“, посветено на јавните ставови спрема антисемитизмот и говорот на омраза во Бугарија, за што опширно пишуваат истражувањето и анализата проследена во јавноста.
Според истражувањето, меѓу бугарските Евреи преовладува чувството дека во Бугарија, па дури и во поголем степен во Европа се засилуваат антисемитските појави и јазикот на омраза. Дури 74 отсто од анкетираните бугарски Евреи сметаат дека во Бугарија се забележува пораст на антисемитските појави. Од друга страна, чувството на другите бугарски граѓани околу ова прашање едвај би можело да биде поразлично – само 11 отсто веруваат дека антисемитизмот се претвора во посериозен проблем.
Иако не толку категорично, Евреите и Бугарите се разидуваат и во однос на оцената за говорот на омраза. Како проблем во Бугарија го препознаваат 70 отсто од бугарските Евреи и само 37 отсто од пошироката јавност. Овој резултат се одразува и во видливоста на проблемот, па дури 95 отсто од Евреите забележуваат говор на омраза спрема својата заедница на интернет и на социјалните мрежи.
Позагрижувачко е друго мнозинство, според кое, 64 отсто од Евреите распознаваат говор на омраза во настапите на јавните личности. А тоа чувство, пак, се споделува само од 17 отсто од пошироката јавност. Меѓу Евреите постои чувство дека ваквата појава излегува надвор од неформалните граници и добива свој легитимитет преку настапите и изјавите на јавни личности и политичари, вклучувајќи ги и мејнстрим-медиумите, коментираат социолозите.

Загрижува податокот дека 37 отсто од анкетираните Бугари признаваат дека речиси или воопшто не се информирани за холокаустот, 49 отсто истото тоа го велат за терминот антисемитизам. Според социолозите, притоа доаѓа до израз возраста на испитаниците – колку се помлади, толку се помалку информирани, што го зголемува ризикот младите да потпаднат под влијание на антисемитската пропаганда.
Она што претходно ја подгреа атмосферата беше реакцијата на советниците од Бугарската социјалистичка партија од Пловдив со наслов „Неофашистички појави и сквернавење на споменици во Пловдив“, објавена на 7 март, на порталот „Поглед инфо.бг“. Повод за текстот беше сквернавењето на еден од симболите на градот, споменикот „Аљоша“. Монументот, кој го симболизира 11 Април, Меѓународниот ден на бившите политички затвореници и логораши во концентрационите логори, подигнат на местото на некогашниот фашистички затвор, денес паркот „Срнена гора“, во реонот „Северен“, пред една недела беше одново осквернавен. Осквернавен исто како што секојдневно се случува и со другите споменици што ја одбележуваат бугарската историја во периодот 1945-1989 година, се вели во реакцијата.
„Бришењето и замената на историските факти и обидите за уништување на споменици од минатото, колку и да звучат денес политички коректно во некои глави, не е демократија! Тоа е фашизам! И ние треба со сите сили да им се спротивставиме на тие процеси“, напишаа социјалистите од Пловдив.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...