[ad_1]
Стратегот на Рома, Жозе Мурињо минатата сезона го израдува младиот Феликс Афен Џан од Гана oткако му купи скапи патики по двата гола против Џенова.
Но, тоа останаа единствените два гола на младиот 19-годишен напаѓач кои ги постигна во Рома и добива се помала минутажа, па како што стојат работите ќе ја напушти волчицата.
Освен тоа Џан му направил и проблем на Мурињо со стартот над новото засилување Џорџињо Вајналдум кој заработи скршеница на ногата, па сега веројатно го чека подолга пауза. Поради таквата ситуација италијанските медиуми пренесуваат дека Мурињо донел одлука Џан итно да си замине.
Коментари