Нов договор меѓу Британија и Индија за безбедносна соработка


Фото: Пиксабеј

Велика Британија и Индија денеска потпишаа нов договор за соработка во областа на одбраната, соопштија британскиот премиер Борис Џонсон и индискиот премиер Нарендра Моди по средбата во Њу Делхи.

Британија ќе ѝ помогне на Индија да изгради свои борбени авиони, изјави Џонсон.

Двете земји ќе се обидат да постигнат договор за слободна трговија до крајот на годината, изјавија официјални лица.

За време на неговата прва официјална посета на индискиот главен град, Џонсон разговараше со својот индиски колега Нарендра Моди за начините за зајакнување на безбедносните врски меѓу Велика Британија и Индија, која купува повеќе од половина од својата воена опрема од Русија.

Тој изрази надеж дека понудата на Велика Британија до Индија да воспостави поблиски безбедносни врски со Западот ќе ја охрабри земјата да ја намали зависноста од Русија за одбрана и ќе му помогне на Моди да го спроведе својот план за почеток на домашно производство на воена опрема.

Џонсон изјави дека Британија ќе и понуди на Индија општа дозвола за извоз со цел да се намали времето за испорака на одбранбените артикли, а таква лиценца моментално имаат само Европската унија и САД.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...