Ноќеска околу 3 часот во Зубин поток беше запален приватен автомобил од марката Хјундаи, со косовски регистарски ознаки, соопшти косовската полиција. Сопственик на опожатеното возило, според косовски медиуми, е маж од српска националност кој го пријавил случајот во 3:34 часот.
Случајот е окарактеризиран како „подметнување на пожар“. Косовската полиција најави истрага, како за овој, така и за останатите случаи на подметнување на пожари на приватен имот. Како што тврдат косовски полициски извори, мета се главно возила кои се регистрирани на косовски таблички.
Последниот запален автомобил доаѓа по нецела недела од палењето на две возила во Лепосавиќ за помалку од 24 часа.