Нов Зеланд прв во светот ги исклучи светлата, за час на планетата Земја


Фото МИА

Знаменитостите во Нов Зеланд први потонаа во мрак по повод Часот на планетата Земја, кој денеска се одбележува во најголемиот дел од светот.

Глобалниот настан ги охрабрува земјите да ги исклучат светлата на еден час за да привлечат внимание на климатските промени.

Знаменитостите во Окленд, вклучително и Скај Тауер, Мостот Харбор и Парламентот во Велингтон, потонаа во мрак во 20.30 часот (07.30 по Гринич).

Подоцна, други знаменитости ширум светот, вклучувајќи ги Емпајер Стејт Билдинг, Ајфеловата кула и операта во Сиднеј, ќе ги изгаснат светлата во знак на солидарност.

Портпаролката на „Скај сити“, Клер Вокер рече дека Скај Тауер, највисоката градба во јужната хемисфера, потона во мрак како „симбол на нашата посветеност“ кон планетата.

– Часот на планетата Земја е иницијатива која сите можеме да ја поддржиме на свој начин и горди сме што Скај Тауер може да ја води оваа кампања во Окленд – рече таа.

Со текот на годините, како дел од иницијативата, цели улици, згради, знаменитости и градски контури ги гаснат светлата. Иницијативата започна во 2007 година во Австралија, а во 2021 година учествуваа 192 земји и територии.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...