Во интервју за Си-Би-Ес, таа рече дека Вашингтон гледа сигнали оти Москва е заинтересирана да зборува за американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Во предлогот Русија, меѓу другото, побара од САД и НАТО да не ја прошируваат Алијансата на исток, вклучително и Украина, како и да не распоредуваат тешко вооружување, вклучително и нуклеарно оружје.

– Сакаме да ги решиме овие прашања преку дипломатија и контрола на оружјето, рече таа.

На прашањето дали има знаци на деескалација на ситуацијата од страна на Русија, Нуланд рече „напротив” и тврди дека рускиот претседател Владимир Путин распоредил уште повеќе сили во близина на украинската граница откако САД повикаа на деескалација.

Блинкен пред неколку дена изјави дека очекува да разговара со Лавров веднаш откако Москва ќе го анализира одговорот на Вашингтон на предлогот за безбедносни гаранции.