PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Обид за убиство во Куманово, осомничени 74 годишен кумановец и син му

Sep 4, 2022

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 74-годишен кумановец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, како и против неговиот 35-годишен син, осомничен за помагање при извршувањето на наведеното кривично дело.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

На 2 септември, на раскрсницата помеѓу улиците „Киро Фетак“ и „Борис Кидрич“ во Куманово, првиот осомничен со умисла се обидел да лиши од живот едно лице, додека вториот осомничен со умисла му помогнал во тоа, отстранувајќи ги пречките за извршување на кривичното дело.

-Осомничените го забележале оштетениот кој се движел по улицата „Киро Фетак“ со неговиот автомобил и во моментот кога пристигнал на раскрсницата со улицата „Борис Кидрич“, вториот осомничен за да го спречи да избега, од појасот извадил пиштол од неутврдена марка и калибар, му го попречил патот, застанувајќи пред возилото, го репетирал пиштолот и го вперил во правец кон оштетениот. Тој застанал со возилото, по што до автомобилот се приближил првиот осомничен и од зад грб извадил нож на расклопување. Најпрвин му се обратил на оштетениот со зборовите „кој си ти што не гледаш“, по што започнал вербално да се расправа и се обидел да му зададе убод со ножот во пределот на градниот кош. Меѓутоа оштетениот ја подигнал левата рака со цел да се одбрани, па осомничениот му задал убоди во пределот на левото рамо. Веднаш потоа двајцата осомничени избегале од лице место, информираат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ