Од 1 април минималната плата во Грција ќе изнесува 780 евра

Од 1 април, минималната плата во Грција ќе се зголеми за 9,4 отсто и ќе изнесува 780 евра, соопшти денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, објаснувајќи дека ова е трето зголемување.

Мицотакис, за време на денешниот состанок со надлежните министри истакна дека од 2019 година, кога изнесуваше 650 евра, минималната плата од следниот месец ќе се зголеми на 780 евра, а зголемувања ќе има и на надоместоците за невработените и на останатите бенефиции за вработените.

Министерот за труд и социјални прашање на Грција Костис Хаѕидакис детално и практично ги објасни владините одлуки и потенцираше дека минималната плата се зголемува од 713 на 780 евра, надоместокот за невработените ќе биде 479 евра, додека пак паралелно се зголемуваат и 19 додатоци.

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...