Од денес во потрагата по Мартин Јовановски на Халкидики се вклучува и куче трагач

Денеска на Халкидики во напорите за лоцирање на 31-годишниот Мартин Јовановски влегуваат воздушен дрон и куче трагач, објавија грчките медиуми. На петтиот ден од потрагата по Јовановски остануваат вклучени властите и волонтери.

Според информациите на Voria.gr, два воздушни дрона како и куче спасител со дресерката Марија Арманиду денеска ќе се обидат да го лоцираат 31-годишниот Мартин кој отиде на Халкидики со група од десетина луѓе на одмор и за да го прослави роденденот на 30-годишниот другар Иван, кој пак бил првиот кој нурнал за да го спаси кога тој очајно барал помош заедно со нивниот друг пријател, 25-годишниот Васил, кога морските струи ги однеле.

Денеска ќе продолжат да дејствуваат и пешадиските единици на спасувачите. Дрон ќе ја пребарува областа кон Аја Параскеви бидејќи е непристапна и не може да се стигне со подводниот дрон.

Капетанијата на пристаништата ги продолжува пребарувањата со брод, иако помина третиот 24-часовен рок што го предвидува грчкиот закон. Но по комуникацијата на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи со грчкиот колега Никос Дендиас, потрагата ќе продолжи и по законскиот рок од 72 часа.

Во исто време, неговиот брат Мартин со објава на социјалните мрежи ја пренесува тагата што ја доживува тој, нивната мајка и другите членови од неговото семејство. Братот на Мартин се заблагодари на македонскиот конзулат во Солун за координирање на истрагите како и на спасувачите за континуираната помош во потрагата на отворено море за лоцирање на неговиотбрат.

„Мајка ми, нашето семејство и пријателите сè уште веруваат и се надеваат дека Мартин е жив“, вели братот на 31-годишниот, повикувајќи да продолжи истрагата, која вчера заврши без успех иако со подводен дрон се пребаруваше морското дно.

„Овде и толку денови минуваме низ навистина многу тежок период кој не се опишува со зборови, но имаме надеж дека нашиот Мартин на крајот ќе биде пронајден жив и здрав“, велат неговите роднини.

Тие апелираат до сите надлежни власти во Грција да не ја прекинуваат потрагата.

Кога мајката на Мартин дознала за исчезнувањето на нејзиниот син била во САД за да го посети другиот син, каде тој работи како готвач, но пресиноќа пристигнала во Солун, а вчера се упати во Неа Скиони за да биде поблиску до службите кои трагаат по нејзиниот син. Претходно мајката апелираше да се лоцира нејзиниот син. „Ве молам, најдете го мојот син. Направете што можете, ве молам!“, рече таа со солзи во очите.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...