Од Македонски Брод до Ресен, во помалите места и облека може да се купи на вересија

Во помалите градови во внатрешноста на Македонија, купувањето облека на вересија е намалено во однос на минатото, но не е искоренето.

Поради лошата економска состојба, ниските плати, и малата куповна моќ на граѓаните, сопствениците на бутици велат дека сепак се случува да дадат парчиња облека на купувачите на вересија.  Некогаш се работи за свечена облека, а некогаш за облека за секојдневна употреба. Откако почна корона кризата, газдите на продавниците за облека се трудат оваа појава да ја минимизираат колку што можат, но велат дека економската состојба не е идеална, и тоа не може да се негира.

„Откако почна пандемијата, јас лично не давам облека на вересија, освен на мои луѓе, познати кои можам да ги почекам извесно време. Наплаќам со картичка и затоа избегнувам да давам на вересија. Тоа е индивидуално, дали некој ќе дава вересија или не. Мислам дека во однос на минатото, сега се избегнува по бутиците да даваат облека на вересија. Но, од друга страна и граѓаните немаат пари и свесни сме за тоа“, велат од бутик во Македонски Брод.

Сопствениците на бутици во помалите места објаснуваат дека ова е меч со две острици.  Се повикуваат на мислата дека тој што дава на вересија ќе пропадне, а тој што не дава нема да работи.

„Во голем град невозможно е да давате на версија и потоа да ги бркате луѓето за пари, а во помалите места сум чекала по месец, два, максимум до три месеци. Луѓето земале по 2-3 парчиња облека и ми ги плаќале откако ќе земат плата. Така е и денес во малите места, затоа што има бутици каде денес прашање е дали некој ќе влезе да купи нешто. Јас веќе не работам во мал град, но можам да кажам дека таму е тешко и за граѓаните, и за оние кои имаат дуќани“, вели Добрила И.  која поседувала бутик во мал град во земјава.

И во Ресен објаснуваат дека како мало гратче сите се знаат и може да се случи посиромашните граѓани да земат облека на вересија.

„Избегнувам колку што можам, но за жал, состојбата ни е таа. Се случувало да чекам по 10-15 дена додека муштеријата да земе плата и да ми плати“, додава ресенчанка.

Во внатрешноста, работниците земаат пониски плати за разлика од Скопје. Што се однесува до платите, во земјава околу 80.000 работници добиваат минимална плата, а деновиве од здружението Гласен Текстилец имаше реакција дека околу 1.000 текстилни работнички не добиле покачена минимална плата од 18.000 денари. Надлежните за непочитувањето на законот се заканија со контроли и казни.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...