(Oд минута во минута) Нов руски генерал ќе управува со операцијата во Украина, најмалку 52 загинати во нападот на железничката станица

Руската армија ја реорганизира командата на своите операции во Украина, па управувањето со руските сили го презема искусен генерал кој поминал многу време на боиштето во Сирија, изјави западен претставник, а пренесува Би-би-си.

Имено, руските сили кои ја нападнаа Украина на 24. февруари биле организирани одделно, а добивале наредби од регионите од кои дошле, објаснува функционерот.

„Затоа видовме многу лоша координација на руските сили“, вели претставникот, додавајќи дека армијата не била обучена да функционира на тој начин. Командата на сите руски сили во Украина сега ќе ја преземе командантот на рускиот јужен воен округ, изјави функционерот, додавајќи дека станува збор за генерал Александар Дворников.

„Овој командант има големо искуство во руските операции во Сирија. Затоа, очекуваме дека командата и контролата ќе се подобрат“, рече претставникот.

Јавните извори немаат многу информации за кариерата на Дворников. Неговата биографија генерално е претставена на неговиот профил на страницата на Руското кадетско братство: „Родум од Усуријск, на рускиот далечен исток, Дворников студирал на високото воено училиште во Москва, Воената академија Фрунзе и Воената академија на Генералштабот“.

Дворников командувал со моторизиран баталјон распореден во Источна Германија додека руските трупи не ја напуштиле земјата во 1994 година. Помеѓу 2000 и 2003 година, Дворников го водел дивизискиот штаб, а потоа бил командант на дивизијата во Севернокавкаскиот воен округ. Во втората половина на 2000-тите, тој командувал со војниците во воените области на Сибир и на рускиот далечен исток.

Пред да замине во Сирија, тој бил заменик командант на Централниот воен округ во Екатеринбург.

Според веб-страницата на Руското кадетско братство, Дворников бил награден со медал за заслуга за татковината во вооружените сили на СССР III степен, медал за воени заслуги, медал за заслуги пред татковината IV степен, медал за храброст и многу други медали и признанија.

„Сè постигнал со напорна работа, никогаш не бил нечиј штитеник и со голема тешкотија напредувал во рангот“, изјави за руските медиуми извор запознаен со Дворников.

„Медалот Херој на Русија го добил најверојатно за вкупниот резултат од руската кампања во Сирија, а не за некаква лична заслуга“, изјави воен извор.

„Зголемените воени способности на руските вооружени сили ни помогнаа да ги распоредиме нашите сили на долги растојанија и ефикасно да ги користиме. Ова е резултат на интензивна воена обука, неочекувано тестирање на борбените способности на силите и нивното поседување на модерно оружје и технологија“, објасни Дворников кога доби медал во 2016 година.

Говорејќи во Кремљ таа година, тој му подари на Путин сувенир – фотографија од покрив во Сирија со слогани на благодарност до руските сили. Само една недела по наградата медиумите почнаа да пишуваат дека Дворников е всушност директен командант на руската операција во Сирија.

ТОП ВЕСТИ

Роналдо по новиот рекорд: Одлично е што уште играм и постигнувам голови

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIКристијано Роналдо постави два рекорди за време на дуелот...

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...