[ad_1]
Горан Пандев објави крај на кариерата во интервјуто за „Газета“ , а потоа имаше и емотивно обраќање преку социјалните мрежи.
Пандев стави крај на кариерата долга 20 години и скоро сите години ги помина во Италија. Во тие 20 години Гранде остави голема трага на Апенините носејќи го дресот на Анкона, Специја, Лацио, Наполи, Интер, Џенова и Парма каде што ја одигра последната полусезона од кариерата.
Во Интер започна во младинските категории па така италијанскиот гигант не го заборави и го испрати во пензија со посебна порака.
„Од Примавера до врвот на светот. Ти благодариме за се Горан Пандев“, гласи порака на „нероаѕурите“.
Коментари