PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Станува збор за активност на Евроатлантскиот Совет на Македонија која покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето на НАТО, служи како настан чија цел е да ја информира пошироката јавност за развојот на настаните на глобално ниво, придонесот на државава и бенефитите од членството во Алијансата.

На настанот се презентираат и реформите и напредокот на годишно ниво, со посебен осврт на Армијата. Оваа година, како што соопштија организаторите, посебен фокус на настанот ќе се стави на пандемијата и војната во Украина, во пресрет на Самитот на НАТО во Мадрид.

Најавени се обраќања на претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани, премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.