Одбраната тврди дека Тачи не ја контролирал ОВК

Apr 4, 2023

Адвокатите на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи изјавија во вторникот дека тој не ја контролирал поранешната герилска формација Ослободителната војска на Косово (ОВК – UCK) во времето кога се случиле воените злосторства за коишто е обвинет и тврдеа дека тие злосторства се последица на „неконтролираните локални активности“.

Тачи и другите тројца обвинете со обвинети по 10 точки од обвинението за прогон, убиства, мачења и присилни исчезнувања на Срби, Албанци и припадници на други етноси во текот и по бунтот од 1998/1999 година која доведе до интервенцијата на НАТО и потоа поранешната јужна српска јужна покраина Косово и Метохија со поддршката на САД и главните земји во ЕУ еднострано во 2008 година да биде прогласена независна Република Косово.

Тачи во вторникот пред специјалниот суд за воени злосторства рече дека чувствува „тага и болка“ за сите жртви во судирите.

„Хашим Тачи не ја контролирал ОВК, командантите на зоните ја контролирале“, рече адвокатот Грегори Кехое на вториот ден од судењето на Тачи на специјалниот суд на Косово кој поради претходните случаи со несреќни случаи во кои загинаа сите сведоци, вклучително и заштитените, безбедносно е преселен во Хаг.

Обвинителите во понеделникот рекоа дека обвинетите воделе насилна кампања против политичките противници и малцинските етнички Срби и Роми за да стекнат целосна контрола. Стотици нивни жртви биле сместени во импровизирани затвори ширум Косово во страшни услови, а 102 биле убиени, според обвинението. Повеќето жртви биле Албанци.

Според одбраната, Тачи не негира дека злосторствата ги извршиле Албанци. „Но не признава… дека злосторствата се извршени како политика на водството, како што тврди обвинителството“, рече Кехое.

Одбраната тврди дека Тачи, покрај тоа што наводно немал контрола над ОВК, немал ниту мотиви да прави воени злосторства, бидејќи знаел дека ќе ја загуби поддршката од Западот, особено од САД.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ