Одговор на Кина до НАТО: Кој ја бомбардираше нашата амбасада во Југославија?

По обвинувањето на американскиот претседател дека Владимир Путин е воен злосторник, се огласи и Кина: Нема да заборавиме кој ја бомбардираше нашата амбасада во Југославија.

„Кина никогаш нема да заборави кој ја бомбардираше кинеската амбасада во Југославија, а не ни требаат предавања од оние кои го прекршиле меѓународното право“, се наведува на веб-страницата на кинеската мисија во Обединетите нации, а пренесува порталот Спутник.

Во соопштението се истакнува и дека НАТО, бидејќи го претставува остатокот од Студената војна и најголемиот воен сојуз во светот, продолжува да ја шири својата територија и опсегот на операции.

„НАТО треба да има добра идеја за улогата што ја одигра во обезбедувањето мир и стабилност низ целиот свет“, се вели во соопштението.

Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Кина да ја осуди руската специјална операција во Украина, чиј почеток на 24 февруари го најави рускиот претседател Владимир Путин.

Министерството за надворешни работи на Кина постојано укажува дека кога станува збор за украинската криза, Кина секогаш постапувала објективно и непристрасно, поминувала независни судови и изразувала свој став врз основа на суштината на самото прашање. Покрај тоа, Кина, наводно, секогаш повикувала на дијалог и преговори за смирување на ситуацијата.

На 7 мај 1999 година, поради бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО, беше погодена и кинеската амбасада во Белград. Во таа прилика загинаа три лица, а повеќе од 20 беа повредени.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...