На денешната 98-ма седница на Владата беа разгледани и одобрени повеќе точки.
Според најавата на првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, денеска беше изгласан предлог-буџетот за 2023 година, се ограничија цените на дрвата и пелетите, се обезбеди дополнително количество струја и се продолжи рокот за набавка на вештачки ѓубрива.