Официјален крај на ловната сезона

Ловната сезона завршува на крајот на јануари. Но, официјалното затворање на ловната сезона се случи овој викенд со организирање ловење во стапица на диви животни. На местото наречено Горица денеска излегоа околу 100 ловџии кои се поделија на групи и го опколија местото, а друга група со потребната опрема ги насочуваа кон стапицата.

Во неделата ловџиите имаа право да ловат само волци и лисици. Но, на местото беа видени и други диви животни како диви свињи, диви мачки и срни, но ловџиите не ги имаа на нишан.

Претседателот на здружението „Еко Фазан“, Кујтим Чодари, рече дека оваа сезона усмртиле 50 свињи а на територија на цело Кичево убиени се 5 волци.

„Денеска здружението „Еко Фазан“ организира заеднички лов со сите групи, каде сите заедно ќе бидеме на еден терен кој го нарекуваме Горица и ќе можат да се ловат само волци и лисици.“, вели Чодари.

Екс претседателот на ова здружение Ќерим Халили рече дека Кичево има добар терен.

„Терените се добри, особено во делот на север на Кичево, погодни се за лов и доста богати со диви животни како диви свињи, волци, лисици, диви мачки и мечки, а во последно време и рисот.“, вели Халили.

Есат Реџепи од Министерството за земјоделство кој учествуваше во ловот, рече дека сè е организирано согласно законот, а истакна дека Кичево е на прво место во Македонија по ловење диви свињи.

„Има многу терени, но овој терен овде на Еко Фазан е многу добар бидејќи ги има сите видови дивеч. И официјално е на прво место во Северна Македонија по убивање диви свињи.“, изјави Реџепи.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...