[ad_1]
Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден го продолжи договорот на три години и ќе остане во клубот до 2027 година.
Претходниот договор на 22-годишниот истекуваше во во 2024 година.
„Тешко е да се искаже со зборови колку сум среќен што го потпишав овој договор. Ова е остварување на сонот. Цел живот сум навивач на Сити. Тренирав овде толку многу години, бев на теренот и ја додавав топката на натпреварите. Толку многу го сакам овој клуб и да се биде дел од него до 2027 година е одлично“, изјави Фоден за клупската веб-страница.
Фоден дебитираше за Сити во ноември 2017 година и досега одигра 182 натпревари и постигна 52 гола.
Тој освои 11 трофеи – четири Премиер Лиги, ФА Куп, четири трофеи во Лига Купот и два Комјунити Шилд.
За репрезентацијата на Англија одигра 18 натпревари и постигна два гола.