Официјално претставена бугарската песна за Детската Евровизија 2021, изготвена од македонски автори


Во денешното издание на емисијата „Денот започнува со Георги Љубенов“ на БНТ беше претставена бугарската песна „The voice of love“ за „Детска Евровизија“ 2021.

Автори на песната, како што пренесува дописникот на МИА, се македонскиот изведувач Васил Гарванлиев, како и неговите сонародници Давор Јордановски и Весна Малина и бугаринот Стан Стефанов.

Во понеделникот беа претставни младите пејачи кои ќе ја претставуваат Бугарија на „Детска Евровизија“ на 19 декември во Париз. На натпреварот ќе учествуваат 19 земји.

Дуетот Данислава Димитрова и Мартин Стојанов беа претставени на прес-конференција организирана од  Бугарската национална телевизија и „Лигна Студиос“, кои се партнери со Општина Добрич во однос на реализирањето на проектот.

Данислава и Мартин се дел од музичкото студио „Сарандев“ од Добрич и се едни од најпознатите млади пејачи од градот. Како дует се претставуваат заедно на сцената од 2017 година под водство на Елена Карабелова.

ТОП ВЕСТИ

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...

(ВИДЕО) Запалено градското собрание во градот Бордо на синоќешните протести во Франција

Според извештаите на француското МВР, на вчерашните протести ширум земјата излегле над еден милион луѓе, а поради немирите низ целата земја биле уапсени 80...

(Видео) Огромен пожар во Истанбул: Огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул. Причината за пожарот засега не е...

24 години од бомбардирањето на НАТО врз Југославија

На 24 март 1999 г. НАТО без одлука на Советот за Безбедност на ОН, започна терористички напад врз СР Југославија. Најмладата жртва на агресијата...

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...