Охридската болница заглавена во долгови. Блокирана сметка,,долг од 4 милиони евра и извршни судски решенија го отежуваат нормалното функционирање. Болницата не може да ја плати ни сметката за струја која за минатиот месец изнесува 4 милиони денари.
Дополнителен проблем е и тоа што има недостиг од стручен кадар, моментално болницата има потреба од медицински сестри и доктори нема современа апаратура, а три години ниту еден доктор не бил пуштен ни на едукација во областа за која што е стручен.
Директорот на охридската болница Балески вели дека секојдневно има нови долгови и доколку државата не помогне со финансии состојбата дополнително ќе се влоши, а со тоа и квалитетот на здравствената услуга.