Околу еден милион евра поддршка за домашните компании

Согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2022 година, Министерството за економија објави два јавни повици за поддршка на домашните компании, кои што ќе траат заклучно со 6 мај 2022 година, односно еден месец:
👉Јавниот повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија;
👉Јавниот повик за субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност;
Предвидени се 50 милиони денари за субвенционирање на микро, малите и средни претпријатија или околу 800 илјади евра и 6 милиони денари за поддршка на занаетчиите или 98 илјади евра.
За двата Јавни повици, согласно условите, субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци на компаниите за набавка на машини настанати во 2021 и 2022 година за компаниите кои ги исполнуваат следите услови: да се компании со мнозински домашен капитал, не добиле државна помош, во претходните три години не биле субвенционирани преку јавните повици од КИП програмата на Министерството за економија, да се основани најмалку една година пред објавување на јавниот повик, да не работеле со загуба во 2021 година, ги имаат подмирано сите обврски кон државата, да не е покрената стечајна постапка за нив и се од дејноста –Преработувачка индустрија.
Средствата кои се на располагање на двата Јавни повици ќе се распределат кај сите аплчикатни кои што ги исполнуваат условите по принципот Рамномерен регионален развој.
Условите на двата јанви повици може да ги најдете во следните линкови 👇

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...

Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за...