Ѓоковиќ го совлада Медведев на УС Опен и ја освои 24 Грен слем титула


Њујорк- Новак Ѓоковиќ триумфираше на Отвореното првенство на САД и го израмни апсолутниот тениски рекорд на Маргарет Корт од 24 освоени гренд слем титули. Во финалето во Њујорк, Ѓоковиќ го совлада Данил Медведев со 6:3, 7:6, 6:3 и од денеска повторно ќе биде светски рекет број еден.

 

„Очигледно, ова ми значи сѐ на светот. Го живеам детскиот сон да се натпреварувам на највисокото ниво во овој спорт. Никогаш не мислев дека ќе бидам тука, но во последните неколку години мислев дека имам историска шанса. Зошто да не ја зграпчам ако ми се нуди?“, кажа Ѓоковиќ, кој ја освои првата гренд слем титула во 2008 година во Австралија.

 

Тој во почетокот на оваа година го надмина машкиот рекорд од 22 гренд слем титули што го држеше Рафаел Надал и потоа во финалето на Вимблдон ја испушти првата шанса да ја достигне Корт. Откако 81-годишната австралиска тенисерка освои 24 гренд слем титули во периодот од 1960 до 1973, Ноле го заокружи рекордот токму на Ју-Ес опен.

По победата во финалето, Ѓоковиќ му оддаде почит на Коби Брајант, облекувајќи сина маица на која пишуваше „Мамба засекогаш“.

ТОП ВЕСТИ

(Видео) Сондата со примерок од опасниот астероид стигна на Земјата

Сондата со примерок од астероидот Бену слета на Земјата во неделата. Научниците на НАСА се надеваат дека материјалот може подобро да објасни како настанал...

Во Дебар отворен фестивалот “Албански театар во Македонија”

Со претставата „Лет над албанскиот театар” во режија на Ерсон Зимберај, а во изведба на албанскиот театар од Куманово, синоќа  во Центарот за култура...

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...